Лекција 1
We have good news. Бог ветува да нè љуби и да ни простува, давајќи ни вечен живот, слобода од злото, и блиско пријателство со Него, сè додека Му веруваме и Го слушаме со љубов.
Веруваш ли во ова? Разбираш ли што значи ова за тебе?
Библијата вели дека сме родени да Го љубиме, да Го слушаме и да уживаме со Бог засекогаш, но не можеме.
Зошто?
Затоа што сме родени одвоени од Него на два начина.
Прво, ние не Го познаваме, па не можеме да љубиме некого кого не го познаваме.
Второ, ние сме родени со лоши желби кои нè оддалечуваат од животот, од познавањето и од љубовта на Бог. Нашите лоши желби се причина за смрт, болести, неправди, војни – за сите страдања во животот.
Како нашите лоши желби нè оддалечуваат од Бог?
Срцевината на злото е себичноста која ги нарушува односите. Како што мажот станува сè поблизок со својата жена, така тој полесно забележува како неговите зборови, дела и мисли можат да ја навредат. Така е и во нашиот однос со Бог. Колку поблиску сме до Бог, толку повеќе разбираме како нашето зло ја нарушува блискоста со Него.
Кој беше одговорот на Бог за нашата одвоеност од Него?
Бог избра да стане човек за да го обнови блиското пријателство со нас. Тој човек беше Исус.
Зошто Му беше важно на Бог да стане човек?
Прво, за да се поврзе со нас лично. Второ, за да ги искуси нашата радост, болка и слабости. Трето, за да ја преземе казната за нашето зло, умирајќи наместо нас. И четврто, да оживее за да го измие нашето зло, доведувајќи нè во блиско пријателство со Него и давајќи ни вечен живот.
Исус избра да умре за нас делумно и за да докаже дека Бог го казнува злото. Ние не сакаме Бог Кој остава злото да помине неказнето. Исусовата смрт е гаранција дека Бог нема да го прави тоа, зашто Тој избра да се казни самиот Себеси за нашето зло, иако Тој никогаш ништо не згреши.
Повисоката цел што Тој ја имаше беше да нè ослободи од нашите лоши желби и да ги промени нашите срца за да можеме да живееме во чисто пријателство со Него. На ова се мисли во Библијата кога се вели „повторно роден“. Тоа значи да се биде целосно променет, живеејќи слободен од ропството на нашите лоши желби, во близок однос со Бог.
Тоа значи дека Радосната Вест не застанува само на тоа што Исус ја презеде нашата казна.
Библијата вели дека, откако Исус умре, Тој стана од мртвите и сè уште е жив. Тој ни нуди живот во замена: Неговиот совршен живот за нашиот скршен живот. Кога ја прифаќаме оваа неверојатна понуда, Неговиот Дух почнува да живее во нас и полека ги заменува нашите лоши желби со сè поголема желба за Неговата добрина.
Процесот на нашето очистување и усовршување се нарекува осветување. Ние не сме совршени сè додека не заврши овој живот. Меѓутоа, процесот дава практични резултати веднаш.
Тие резултати се нарекуваат плод на Духот: љубов, радост, мир, трпение, љубезност, добрина, нежност, верност и самоконтрола. Ако сме христијани, ќе напредуваме во овие атрибути. Ако не сме, време е да Му се предадеме на Бог и да Му се доближиме преку читање на Библијата, одбегнување на злото, молење и Негово обожавање.
Ние не можеме да направиме плодовите на Духот да растат. Само Светиот Дух може кога ја искажуваме нашата љубов кон Христос.
Библијата вели дека треба да го понесеме сопствениот крст и да Го следиме Исус. Оваа фраза е симбол кој ја претставува смртта на нашата себичност. Како што Исус го носеше Својот крст (направа за измачување!), и умре висејќи на него, и ние треба симболично да го направиме истото преку смртта на нашата себичност.
Зошто е тоа важно? Затоа што нашите себични желби се во војна со Божјите желби. Исус бара целосно предавање и доверба. Тој бара да ги замениме нашите себични желби со желбата за Бог. Целта на ова е да се покаже нашата љубов преку понизно служење на Бог и на Неговите луѓе.
Кога се предаваме и Го избираме Бог како наше единствено задоволство, Тој ни ги дава силата и желбата да Му бидеме послушни. Тоа е како да дозволуваме Тој да биде воздухот што го дишеме. Вдиши го Исус. Издиши го Исус. Повтори. Секој ден. Сè до денот кога ќе умреме. Тоа ни ја дава храброста да веруваме дека кога Тој ни наредува да ги љубиме нашите непријатели, Тој ќе ни помогне и да го направиме тоа.
Нашиот однос со Исус е најблискиот однос кој можеме да го доживееме зашто Неговиот Дух е во нас. Овој однос ќе го промени твојот живот кога Му веруваш и Го послушуваш Бог со љубов. А, кога ќе направиш грешки, Тој ќе ти помогне да Му дадеш чест на Бог.
Можеби се прашуваш дали ваквиот живот ќе те спречи да уживаш во нормалниот живот. Со задоволство изјавуваме дека сакањето на Бог и послушноста кон Него ни овозможуваат да уживаме во Божјиот мир и радост во животот.
Иако ние никогаш не сме целосно ослободени од лошите желби во овој живот, и сè уште правиме грешки, нашата љубов кон Исус ги изгладнува нашите лоши желби, па тие ја губат својата сила. Бог го прави ова за да бидеме слободни да уживаме во Него, во светот, и во односот што ни го даде во чистота.
Ветувањето во кое на најголем дел од нас ни е тешко да поверуваме е дека Бог ги променува нашите желби. Тој го прави тоа. Вистина е. Инаку, Радосната Вест нема да биде радосна вест.
Зошто повеќе христијани не живеат добар живот?
Секој христијанин може да живее слободен од злото, но има моменти кога го одбиваме тоа. Понекогаш, го избираме злото пред Исус, дури и откако сме станале христијани.
Некои се спречени да ја доживеат слободата од злото зашто не веруваат дека е возможна или дека Бог ја нуди. Други одбиваат да живеат слободни од злото зашто тоа е скапо. Зашто за тоа е потребно целосно, непрекинато предавање на Бог.
Што значи тоа?
Откако ќе Му се предадеме на Бог, нам ни е наредено да продолжиме да се предаваме. Ова треба да се случува постојано, зашто сите ние сме склони да се свртиме кон себичноста. Ваквата склоност Библијата ја нарекува грешна природа. Ја носиме во нас од денот кога се раѓаме, па сè до денот кога ќе умреме.
Како што веруваме и имаме доверба во Бог, се отклонуваме од злото, се молиме, Го обожаваме, ја читаме Библијата, и се вклучуваме во заедница со други христијани, Духот на Христос во нас почнува да ги менува нашите желби и ни дава сè поголема слобода од грешната природа.
Напредокот бара време. Не губи надеж во текот на процесот. И не користи ја бавноста во напредокот како изговор да не напредуваш воопшто.
Давањето чест на Бог носи трајна радост и мир како ништо друго на овој свет. Ние не се оддалечуваме од злото едноставно затоа што злото е лошо; ние се оддалечуваме од злото за да бидеме задоволени од Бог.
Бог нè повикува да Му се придружиме така што ќе работиме за Неговата слава. Откако ќе Му се предадеме, Тој нè инспирира да го споделуваме ова прекрасно пријателство со другите, а тоа се нарекува евангелизација, и да ги учиме како да го доживеат, а тоа се нарекува учеништво.
Она што Тој ни го дава е толку добро што кога ќе го доживееме, не можеме да се воздржиме да не споделуваме за Него. Откако ќе вкусиме и видиме дека Господ е добар, природно ќе сакаме да им кажеме на луѓето за да можат и тие да ги почувствуваат слободата и радоста кои ни се дадени.
Повторно, еве ја Радосната Вест (најдобрата вест!): Бог ветува да нè љуби и да ни простува, давајќи ни вечен живот, слобода од злото, и блиско пријателство со Него, сè додека Му веруваме и Го слушаме со љубов. Ако сме верни до крајот на нашите животи, Бог ветува да ни даде ново тело, целосно ослободено од проклетството на лошите желби, смртта и скршеноста, за да живееме со Него засекогаш.
Лошата вест е дека сите, кои ќе ја отфрлат Божјата понуда, ќе страдаат со бескрајна казна и одвоеност од Бог која сите ја заслуживме поради нашето зло.
Радосната Вест за Бог и лошата вест за она што се случува кога Го отфрламе Него го прават Евангелието најважната вистина во нашите животи.
Ние постоиме за да Го славиме Бог и да уживаме со Него засекогаш. Честопати мислиме дека треба да избираме меѓу живот во кој ќе си угодуваме себеси и живот во којшто ќе Му угодуваме на Бог. Вистината е дека препуштањето на лошите желби не нè задоволува многу долго. Впуштањето во зло води до депресија, изместено чувство за сопствената вредност, како и до зависност од деструктивни, злобни постапки. Злото владее со нас, ни ја цеди радоста и нè остава празни и осамени. Тоа нè прави робови.
Кога избираме да се гледаме себеси како предани слуги на Божјата добрина, наместо како робови на злото, присуството на Бог во нашите животи и вредните подароци, кои Тој ни ги вети во Евангелието, ни даваат радост и слобода кои ништо не може да ни ги одземе.
Сè што треба е сè. Сета наша непослушност за сето Негово простување, живот и добрина.
Најлесниот начин да се запомни ова е преку „Песната за спасение“:
Исусе, умре на Крстот за нас
За спас на сите Ти Воскресна
Прости ми сега за секој мој грев
Мој Господ биди и Пријател
Животот мој, промени го Ти
Јас за тебе ќе живеам
ПОТРУДИ СЕ ПОВЕЌЕ
Прочитај го Јован, поглавје 17, кое е запис за молитвата со која Исус се молел за тебе и за мене непосредно пред да умре. Запиши ги деталите, кои ти се интересни, од она што Исус го кажал, а потоа прочитај ги и дискутирај за твоите прашања со други христијани. Што мислиш за тоа што Исус се молел за тебе, на лично ниво?