Лекција 4

Кога зборувавме за тоа што постигна Исус со тоа што умре, видовме дека верувањето во Неговите тврдења за Себе ни дава пристап до Неговите ветувања, но за да станат реални Неговите ветувања во нашите животи, нам ни треба и промена во ставовите и во однесувањето.

Промената почнува со читање и верување во она што Тој го кажува за Себе и во она што го кажува за нас. Еве неколку примери за тоа што вели Исус за Себе, наспроти она што го вели за нас.

  1. Исус е целосно добар. Ние сме исполнети со зло.
  2. Исус нè љубеше. Ние го мразевме.
  3. Исус нè избра нас. Ние го отфрливме.
  4. Исус Му беше совршено послушен на Бог. Ние се побунивме против Божјите правила.
  5. Исус по своја волја страдаше за Своите непријатели, вклучувајќи нè и нас. Ние сме неволни да страдаме дури и за нашите сакани.
  6. Исус беше најголемиот слуга. Ние не сакаме да служиме, туку да ни служат.
  7. Исус стана од мртвите. Нам ни е судено да завршиме во гроб, па сепак, има надеж зашто Исус ни го нуди Својот живот.

Исус е Бог, а сепак, вистински човек. Тој е најголемиот човек кој некогаш живеел, и Тој избра да нè љуби и да ја бара нашата љубов, додека ние бевме Негови непријатели.

Никој не може да биде променет од Исус без да Му пристапи со понизност. Исус не е волшепство. Тој е личност која ја знае секоја мисла во нашите умови.

Библијата вели дека Бог им се противи на горделивите, но им дава благодат на понизните. Ако Му пристапиме на Исус со намера да Го искористиме само за да го добиеме она што го сакаме, никогаш нема да бидеме добредојдени кај Него. Доколку не отстапиме од нашето зло и не почнеме да го мразиме, и доколку не го избереме Неговото добро, никогаш нема да Го запознаеме Него, ниту придобивките од Неговите ветувања.

Овој став на каење за злото, заедно со страсната желба за Исусовата добрина – и цврстата верба во Неговите ветувања – стануваат нашето ново нормално. Кога читаме што вели Тој во Библијата, а потоа се молиме и ја бараме Неговата волја, нашите ставови се менуваат од гордост во понизност. Почнуваме да стануваме како Него.

Исус ги гледа нашите срца. Ние треба сè повеќе да го мразиме злото и сè повеќе да посакуваме Неговата добрина да го замени злото. Потоа, кога ќе побараме од Исус да ни прости, Тој ќе го направи тоа.

Кога Му пристапуваме со вистинска понизност, Тој нè запознава во нашата скрушеност и почнува да ги поправа нашите срца. Само кога се гледаме себеси искрено и кога ги живееме нашите животи во согласност со вистината дека Бог избрал да нè љуби и да нè подобрува со Својата добрина, Бог ни дава живот, радост и љубов.

Зарем не е прекрасно како Тој нè вклучува во процесот?

Ако се чувствуваш засрамен од твоето зло, во ред! Дотрчај до Него! Клекни понизно и заблагодари Му се што ти ја покажал вистината за тебе. Тоа е доказ дека Исус те бара со љубов.

Одврати се од твоето зло, и наместо тоа, сврти се кон Исус. Внеси се во Библијата. Нурни се во молитва. Размислувај длабоко за тоа кој е Исус, и што ветува дека ќе направи во и преку тебе. Предај Му се за да можеш да Му угодиш и да живееш во блиско пријателство со Него. Сети се дека Неговата љубов и Неговите ветувања се она што ти дава сила и власт да живееш чист живот.

Ова е постојан, секојдневен процес. Кога ќе потклекнеш, не паѓај во стапицата на вината или на чувството на безнадежност. Моментот во кој ќе потклекнеш е моментот во кој треба најмногу да се свртиш кон Бог. Помислата дека твоето зло е посилно од Бог е смешна и полна со горделивост. Исус те љубеше кога живееше спротивно од Него. Се разбира дека ќе ти прости сега, кога си Негово чедо! Тој е посилен од твоето зло, и те љуби повеќе отколку што ти не се сакаш себеси. Верувај во тоа и нема да изгубиш надеж.

ПОТРУДИ СЕ ПОВЕЌЕ

Прочитај ги 1 Јован; Ефесјаните 5:8; и Јован 11:9-10, а потоа запиши како го разбираш простувањето и што значи „да се оди во светлината“. Моли се за тоа, потоа искрено дискутирај со некој доверлив пријател христијанин. Дали одиш во светлината? Ако не одиш, која промена можеш да ја направиш денес за да зачекориш во светлината?

Previous List List Next