Лекција 2

Зошто Исус мораше да умре на крст?

Без одговор на ова прашање, Божјата Радосна Вест нема смисла.

Единствениот начин да се разбере зошто е да се слушне Божјиот одговор. Бог вели дека Тој доброволно избрал да ги искуси нашите животи од прва рака и потоа да умре за нас за да можеме да бидеме oслoбодeни од гревот, па така, да можеме да се помириме со Него, а и Тој да ги придобие нашата љубов и посветеност.

Зошто го направи тоа на тој начин? Затоа што избра така.

Бог вели дека животот е во крвта.[2] Простувањето е можно само кога се пролева чиста крв,[3] и само чистата крв може да даде вечен живот зашто не е под проклетството на смртта. Затоа Исус, единствениот вистински безгрешен човек,[4] доброволно избра да умре за нас.

Низ историјата, Бог ветуваше дека ќе умре за нас. Кога Исус го направи тоа што беше претскажано, покажа дека Божјите ветувања се вистински и веродостојни. Така, Исус исполни над 300 пророштва кои беа запишани долго пред да биде роден.

Ајде да го погледнеме списокот на дел од она што Исус го постигна со тоа што избра да умре.

  1. Тој умре за да нè доведе до Бог.
  2. Неговиот Дух ни донесе живот. Кога умираме поради нашето зло, ние сме оживеани од Неговиот Дух.
  3. Тој беше тепан поради нашите гревови, а Неговата казна ни донесе мир и исцелување.
  4. Неговата послушност исполни пророштво.
  5. Тој го плати нашиот долг кон Бог кога беше закован на крстот, задоволувајќи ја Божјата праведност.
  6. Тој беше отфрлен за да може ние да бидеме добредојдени.
  7. Тој доброволно Го положи Својот живот за да може ние да го земеме Неговиот живот. На тој начин, Тој нуди живот во замена – Неговиот за нашиот.
  8. Тој даде пример за понизностa и несебичностa на кои нè повикува, очистувајќи го светот.
  9. Тој го презеде нашето проклетство со тоа што беше обесен на дрво, за да може да бидеме слободни од клетвата на робување на злото.
  10. Тој го поправи она што Адам го расипа. Адам, првиот создаден човек, беше роден без лоши желби, но неговите лоши постапки му донесоа смрт на светот. Исус беше роден без лоши желби, но Неговата безгрешна, доброволна смрт му донесе живот на светот.
  11. Тој е почетокот и крајот, па сиот живот е прочистен низ Него.
  12. Тој ја вкуси смртта за да може ние да го вкусиме животот. Иако не мораше, Тој искуси сè за да покаже дека има власт над сè.
  13. Тој беше најголемиот слуга, положувајќи го Својот живот за луѓето кои Го мразеа. Со ова, Тој ја покажува својата љубов подлабоко отколку што може да се покаже со која било друга постапка.
  14. Неговата совршена крв ги лекува нашите болести и ни дава вечен живот.

Колку впечатлив збир од достигнувања и ветувања! Што значат тие за нас?

Бог вели дека кога веруваме дека Исус умре и постигна сè заради нас, ги искусуваме наградите кои Тој ги заслужи. Исус го презеде нашето проклетство за да бидеме ослободени од проклетството на злото.[20] Ова ветување ни дава доверба дека како што ги наоѓаме нашиот живот и радост во Него, Тој ни дава сила да Го љубиме и да Го слушаме, наместо да се препуштаме на злото.

Не мора да се чувствуваме безнадежно кога ќе ги погледнеме лошите навики кои претходно не сме можеле да ги отфрлиме. Исус го плати нашиот долг за да може Бог да нè гледа како чисти. Ова ветување ни дава доверба дека ништо не може да нè држи одвоени од Него.

Ние сме спасени заради Божјата благодат, а не заради тоа што го правиме, за да не можеме да се гордееме со сопствените способности. Сепак, промената во нашите животи е она што потврдува дека нашата верба во Бог и љубов за Него се вистински. На пример, ако некој човек рече дека ја сака жена си, но не ја става на прво место и не се однесува кон неа со љубов, тој докажува дека не ја сака вистински. Неговиот начин на живот ги прави неговите зборови безвредни, дури и ако чувствува голема приврзаност кон неа.

Нашата верба во тоа кој е Бог и што ветува ни ги дава причините и силата кои ни се потребни за да го живееме животот што Тој го бара од нас. Библијата вели дека ова се случува преку Светиот Дух и дека Светиот Дух е нашата гаранција (доказ) дека Му припaѓаме на Исус и дека сме сметани за праведни поради Неговата жртва.

Нашата верба во Исус ни ја дава силата да докажеме кои сме како христијани, живеејќи чист живот. Ова не значи дека ќе бидеме совршени, но ако сме христијани, Бог ќе нè усовршува.

И ако останеме верни, во наредниот живот ќе бидеме направени целосно совршени.

Исус кажа дека ние сме како прачки на лоза. Кога стануваме Негови, почнуваме да се врзуваме за Неговиот живот како прачка на лоза. Неговите корени ни даваат храна и ни помагаат да растеме, додека Бог продолжува да нè крои за да даваме добри плодови. Плодот, кои Тој прави да расте во нас, е: љубовта, радоста, мирот, трпението, љубезноста, добрината, нежноста, верноста и самоконтролата.

Ако нашите животи се променети од Божјиот Дух преку нашата верба во Исусовиот живот и смрт заради нас, тогаш промената во нашите животи е доказ дека нашето верување е вистинско. Овие ветувања ни даваат доверба дека она што Тој го постигна со Својата смрт е наше.

Ние не се спасуваме заради плодот на Духот. Ако практикуваме самоконтрола и ако имаме мир, тоа не е она што нè спасува. Но ако живееме бесплоден живот, треба да се запрашаме дали сме христијани.

Неговата крв е водата, а нашите животи се прачките. Поминувај време во светлината на Синот за да пораснеш силен и зрел.

ПОТРУДИ СЕ ПОВЕЌЕ

Прочитај го Исаија 52:13 – 53:12, дел од пророштвото запишано околу 700 години пред Исус. Потоа, прочитај го Јован 19:16-42. Запиши ги своите мисли и прашања во врска со овие делови и сподели ги со други христијани. Како влијаеше врз твоите емоции сознанието дека Исус умре за да те исцели?

Previous List List Next