Лекција 6

Ако го започна твоето патување со Христос, верувај дека Тој е со тебе зашто наскоро ќе бидеш обесхрабрен.

Кога си обесхрабрен, сети се дека Бог е посилен од сè – вклучувајќи ја и твојата слабост. Верувај дека Тој го променува твојот живот и те прави нов човек.

Кога потклекнуваме и сме искушувани да веруваме дека сме безнадежни, се потсетуваме дека напредуваме не затоа што сме добри (не сме), туку затоа што Христос дејствува во нас преку нашата верба во Него и преку нашите обиди да Го љубиме, почитуваме и слушаме.

Дaли Христос е доволно моќен да нè држи подалеку од лошите одлуки токму сега? Се разбира дека е! Секое добро нешто во нашите животи доаѓа од Него. Нашето добро однесување е поткрепeно од Него додека Тој дејствува преку нашето верување, љубов и напори.

И дали е верен да те држи подалеку од злото? Без сомнение!

Па, зошто се чувствуваме толку неспособни? Зашто Тој остава да се чувствуваме слаби за да зависиме од Него. Не дозволувај твојата слабост да те измами. Наместо тоа, таа нека биде причината што веруваш во Бог да биде твојата сила.

Па, што ја краде нашата верба во Бог? Што се променило ,па одеднаш се сомневаме дека имаме сила да бидеме послушни?

Забораваме кој е Бог. Забораваме кои сме ние во Него. Разнишана е нашата верба дека Тој е доволно моќен да нè држи подалеку од злото. И, всушност, оставаме нашите срца да одлутаат од Него, кон други нешта.

Оваа последна грешка е најподмолна и најштетна. Секоја лоша грешка почнува со тоа што оставаме нашите срца да одлутаат од Христос. Затоа е толку важно да се стекне цврста навика за читање на Библијата, молење и обожавање секој ден. Зашто нашето внимание лесно може да биде одвлечено, а нашето сеќавање е кратко.

Никогаш не смееме да заборавиме дека Бог е нашиот живот. Во „Песната за спасение“ се наоѓа стихот: Животот мој, промени го Ти. Стихот е признание дека нашите животи никогаш нема да бидат исти по спознавањето на Христос, а причината за тоа со најголема сигурност лежи во тоа кој е Тој.

Дали имаш пријател или член од семејството кого го сакаш бескрајно? Зошто го сакаш? Дали поради тоа што си добра личност?

Еднаш, го прашале еден човек дали ја сака жена си зашто самиот тој е добра личност. Ова го збунило човекот, и малку се навредил. Тој ја сакал зашто таа била прекрасна! Неговата љубов за неа немала никаква врска со тоа дали тој бил добар. Всушност, тој знаел дека не бил добар, и ја сакал уште повеќе зашто таа го сакала него и покрај неговиот недостиг на добрина.

Нашата љубов кон Исус е таква. Таа нема никаква врска со тоа колку сме добри. Го сакаме зашто Тој е прекрасен. Секој ден треба да помислуваме на Неговите прекрасни особини сè додека не почувствуваме како љубовта за Него ни навлегува дури и во коските.

Три практики кои го негуваат ова се читањето на Библијата, молењето и обожавањето.

Се сомневаш дека ова функционира?

Прочитај ги Божјите ветувања дека никогаш нема да те остави или да те заборави. Дека ќе ја заврши добрата работа која ја започнал во тебе. Дека те љубел кога Го мразеше и дека те избрал да бидеш Негов. Дека ништо не може да те оддели од Неговата љубов, освен твојата недоверба и своеволно зло, и дека ти простил и те прифатил.

Кога се сомневаш дека Тој го обновува твојот ум, потсети се дека Тој го прави тоа преку Своето Слово. Кога се сомневаш дека имаш сила да се одречеш од злото, потсети се на времињата во минатото кога ти дал сила да го надминеш злото. Кога се сомневаш дека можеш да Го љубиш, потсети се дека Тој е премногу прекрасен за да не биде љубен. Кога се сомневаш дека можеш да направиш нешто добро, потсети се дека секое добро нешто во твојот живот доаѓа од Него.

Чекори со понизност, љубов и практична послушност кон Христос така што ќе веруваш дека Тој те менува и постојано те прави нов човек.

Божјиот Дух живее во нас, грижливо менувајќи нè на начини кои едвај можеме да ги забележиме. Во нас е и Неговиот живот како што во новороденчето е и мајчината крв. Мајката и детето се одделни личности, но нивните животи се испреплетени заедно на еден прекрасен начин. На истиот начин, Светиот Дух им дава живот на нашите духови преку крвта на Исус.

Неговиот Дух е она што го чувствуваме во нас кога се молиме и кога Го обожаваме. Чувството дека Неговиот Дух живее во нас е важно секојдневно искуство. Без постојано чувство дека Неговиот Дух живее во нас, ние сме слаби. Но со Него, Неговиот Дух нè прави силни како што ништо друго не може да нè направи.

ПОТРУДИ СЕ ПОВЕЌЕ

Прочитај го Римјаните 12:1-21. Овој текст ја покажува промената во нашите животи која доаѓа кога Му ги предаваме нашите животи на Бог во вистинска вера. Тој ни дава краток увид во тоа како изгледа и какво e чувството на духовната обнова. Запиши и сподели како Бог те обновува. Каде дејствува најмногу токму сега? Размисли за тоа како Тој стрпливо те води по патеката на напредокот и зрелоста. Можеш ли да најдеш доказ дека Тој бил дарежлив кон тебе?

Previous List List Next