Лекција 10

Црквата е секој кој е спасен од Бог. Ние сме Црквата.

Ако кажеме: „Не ни треба Црквата“, всушност, велиме: „Не ни треба уште еден христијанин, и не ни треба ни самите да бидеме христијани“.

Ние сме Божје семејство. Да се биде дел од ова семејство ни помага да живееме христијански живот. Потребни сме си едни на други, зашто нема семејство едни без други. Ако не се поддржуваме едни со други во љубовта, ќе се распаднеме. Бог нè создал да живееме со Него заедно. Ако не живееме во заедница со другите, ние воопшто не ни живееме.

Како јагленот изваден од огнот, ако сме сами, нашиот оган ќе се изгаси. Но ако сме близу христијани чии срца ревносно горат, нашиот оган ќе свети посилно.

Библијата, исто така, ни кажува да не ги занемаруваме заедничките собири. Ако не се среќаваш редовно со други верници за да ја читате Библијата, да се молите и да се охрабрувате меѓусебно да живеете христијански живот, со текот на времето, ќе отпаднеш од Бог. Поминувањето време со други христијани на овој начин ни помага да напредуваме; исто така, нè охрабрува и нè стимулира. Тоа нè одвлекува од нашата вродена себична природа.

Не се собираме заедно само затоа што мораме. Се собираме заедно зашто да се биде заедно е дар. Тоа не значи дека треба да се собираме во домовите на нашите пријатели христијани, иако тоа е убаво и важно. Потребно ни е повеќе од тоа.

Што, поточно, ни треба?

Ни требаат грижливи пријатели, лична одговорност, цврсто подучување, библиски авторитет и можности да се водиме едни со други поблиску до Христос.

Треба да живееме под авторитетот на пасторите и на старешините на кои им се дадени нивните позиции откако ја докажале својата верност во нивните животи и откако навистина созреале да Ги спознаат Бог и Неговото Слово. Ако не сме под авторитетот на искусни учители, кои го живеат она што го проповедаат, нашите верувања за Бог може да се променат во нешто во што Бог никогаш немал намера да се променат.

Повеќето луѓе не сакаат кога се одговорни пред други луѓе да живеат на одреден начин. Непријатно е нашите животи да се ставени под лупа, да ни се кажува дека сме згрешиле и дека треба да се поправиме. Но ако немаме таква одговорност, нашите грешки ќе се натрупуваат сè додека не експлодираат и не повредат други луѓе.

Со тоа што сме дел од Црквата, под искусни учители, кои се како оние прикажани во Библијата, имаме одговорност пред некого.

Авторитетот на искусните учители, исто така, и нè заштитува од луѓето кои сакаат да ги злоупотребуваат другите. Тој нè насочува кон луѓето на кои можеме да им се обратиме за помош ако сме биле злоупотребени. Честопати ни треба некој да нè поддржи.

Конечно, тој ни дава и организација во заедницата каде што можеме да најдеме начин да помогнеме да се доближат и други до Христос. Не треба да заборавиме дека откако Бог ги променува нашите животи, ни кажува да ги подучуваме и другите за Него.

Лесно е да евангелизираш во неорганизирана средина, но дисциплинирањето на луѓето е долгорочна обврска. Секогаш треба да ги дисциплинираме луѓето додека се предаваме себеси на авторитетот на пасторите и на старешините, коишто можат да нè спречат да ги водиме луѓето погрешно, или да ги повредуваме луѓето на кои се обидуваме да им помогнеме.

Како да најдеш верска заедница? Прво, побарај од Бог да ти помогне. Потоа, распрашај се наоколу. Забележи кои луѓе живеат чисти животи исполнети со љубов, и дознај која црква ја посетуваат. Почни да посетуваш цркви. Најди црква во која луѓето се гостопримливи, искрени и грижливи. Најди пастори или старешини кои веруваат во она што Библијата јасно го подучува, и кои не се сомневаат во она што го кажува Библијата. Осигурај се дека тие и го живеат она во што велат дека веруваат. Во спротивно, тие не веруваат вистински во тоа.

Во која црква и да одиш, дали луѓето меѓусебно се љубат и си служат? Дали ја сакаат Библијата и си помагаат едни на други да ја живеат нивната вера на практични, реални начини кои можеш да ги почувствуваш и да ги видиш? Никој нема да биде совршен! Но можеш да ја забележиш разликата меѓу луѓето кои не се грижат дали нивниот живот е доследен, и луѓето коишто се каат за своите грешки.

Само постави си го ова прашање: „Дали таму се обожава и почитува Бог?“

Не постои совршена црковна заедница, исто како што не постојат совршени луѓе. Само најди пристојна црква, оди редовно и не се жали. Биди промената што сакаш да ја видиш. Барај можности да го охрабруваш твоето семејство да биде во Христос. Искрено љуби ги луѓето! Служи од љубов, со чисто срце, а не обидувајќи се да бидеш сметан за „добар“ од други луѓе.

Сфати дека сме луѓе и дека сме си потребни едни на други. Никогаш не знаеш, личноста која те нервира можеби е некој кој Бог го испратил во твојот живот за да ти помогне да напредуваш. А можеби и ти си испратен во неговиот живот за да му помогнеш нежно да напредува во Христос. Живејте мирно и почитувајте го Бог заедно. Тоа е Црквата.

ПОТРУДИ СЕ ПОВЕЌЕ

Најди црква и посети ја оваа недела. Запиши ги твоите мисли за искуството и како тоа влијаело на тебе емоционално, духовно и физички.

Previous List List Next