Лекција 5

Кога се свртуваме кон Бог и се оддалечуваме од злото, Тој почнува да го впива нашиот живот. Тој станува нашиот живот. Нашата радост. Тој го менува нашиот поглед на животот. Во Библијата, овој процес се нарекува обновување на умот.

Библијата ја илустрира оваа промена на три основни начини, и тоа, преку Негово претставување во три различни улоги: Спасител, Господ и Пријател.

Во Библијата многу се внимава на тоа да ни биде покажано дека Исус беше човек и пред да умре и потоа. Своите ученици и луѓето, кои Го љубеа, Тој ги нарекува „пријатели“.

Откако Исус стана од мртвите, Тој не им покажа на луѓето, кои Го убија, колку згрешиле. Наместо тоа, Тој им направи појадок на Своите пријатели, потоа се шеташе со нив и им се придружи на вечера. Во друга прилика, Тој им се појави на Своите пријатели во еден дом, им ги покажа Своите рани, и јадеше со нив.

Сакаше да покаже дека Неговата основна цел за доаѓањето на земјата беше да оствари врска.

Богот на сè нè нарекува Негови пријатели. Тој ни служи и нè љуби, кога ние Му служиме и Го љубиме. Тој живее во нас во нераскинливо пријателство. Заемно се сакаме и се почитуваме.

Ако Го љубиш и веруваш во она што Го вели за Себе, ќе се оддалечиш од твоето зло и ќе ги искусиш Неговата љубов и сила во твојот живот.

Се разбира, за да го доживееме Неговото пријателство, Тој треба да нè избави од злото и да стане средиштето на нашите животи. Како наш Спасител, Тој непрекинато ни простува и нè ослободува. Тоа го поминавме во претходните лекции.

А, што е со Исус како Господ?

Господ е некој кој управува со авторитет. Тој вели: „Направи го ова“, и неговите слуги го послушуваат. Библијата вели дека Тој изречно бара да биде нашиот Господ. Тоа е предуслов за живот во пријателство со Него.

Немој да се збуниш! Тој не сака да стегнеме заби и да Му бидеме послушни. Низ годините, Бог им се лутел на многу луѓе кои стегнале заби и Му биле послушни. Всушност, Бог сака луѓето да Го послушаат зашто самите сакаат да Му угодуваат. Тој сака да Му ги дадеме нашите животи од вистинска љубов и верба, а не затоа што мораме.

Ако не сакаш да Му бидеш послушен и да му Го дадеш својот живот, задлабочи се во Неговото Слово (Библијата), и размисли кој е Тој, кој вели Тој дека си ти, и што направи Тој за тебе. Потоа, активно барај ја твојатa желба за Него.

Еве еден пример од вистинскиот живот за тоа како се бара желбата за некој. Откако љубовниците ќе се венчаат, не чувствуваат секогаш љубов еден за друг. Но кога се однесуваат со љубезност еден кон друг, нивната меѓусебна приврзаност расте.

Една жена му купува подарок на својот маж, и додека го пакува подарокот, таа се потсетува на неговата љубезност. Едноставниот чин на планирање, купување и пишување на картичката ѝ помага да ја бара нејзината приврзаност за него зашто како што таа се потсетува кој е тој, и притоа реагира на тоа, така приврзаноста расте во нејзиното срце и станува реална преку нејзината верба во него.

Кога се потсетуваме кој е Исус и кога мислиме на Неговата добрина кон нас, во нашите срца расте приврзаноста и станува реална. За возврат, Тој ги менува нашите желби и ни дава сила да Го послушуваме од љубов и верба во тоа кој е Тој.

За Божјите ветувања да станат реални во нашите животи, треба да ја бараме нашата приврзаност кон Него преку читање на Неговото Слово, преку молење и преку верување и послушност кон Неговите заповеди. Сето тоа го менува нашиот ментален склоп како што напредуваме за да го посакаме како наш Спасител, Господ и Пријател.

Овие процеси се важни зашто Бог ги користи за да нè промени. Тој го преобликува нашиот идентитет преку нашата верба во Неговиот идентитет како наш Спасител, Господ и Пријател.

ПОТРУДИ СЕ ПОВЕЌЕ

Прочитај го Колосјаните 1:15-23 и направи список на луѓе кои ги сакаш и кои не знаат зошто реши да Го следиш Исус и да Го нарекуваш Спасител, Господ и Пријател. Моли се Бог да ги отвори нивните срца и да ти даде можност да ја споделиш со нив твојата прика зна за тоа како Бог го промени твојот живот. Дали Тој ти дава можности кои едноставно не си ги искористил?

Previous List List Next